Скопје

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка

Автомобил удрил во скопјанецот И.С.(28) додека управувал велосипед и тешко го повредил, вчера во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила вчера во 7.40 часот на крстосницата од булеварот Партизански Одреди и улицата Никола Тесла.

Автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј.(56) од Скопје, удрил во велосипедистот  И.С.(28) од селото Волково.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе