Велосипедист тешко повреден, од Струмица транспортиран во Скопје

На обиколницата кај Струмица во сообраќајна несреќа повреден е велосипедист. Поради сериозноста на повредите од струмичката болница е префрлен на скопските клиники.

Велосипедист е потешко повреден во сообраќајка која се случи претпладне околу 10 часот на заобиколниот пат околу Струмица.Според првичните информации од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, засега не се познати причините за сообраќајката, а во неа учествувале патнички автомобил и велосипедистот.

Повредениот е пренесен во струмичката болница каде бил примен во тешка состостојба со повреди на главите и телото.

„Повредениот беше донесен во безсознание и по извршената реанимација и заради тежината на повредите е испратен во Клиничкиот центар во Скопје, информираше за МИА д-р Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение во струмичката болница.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе