Велешанка подведувала малолетничка на проституција, а потоа и ги земала парите

Малолетничка давала сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а подведувачката и ги земала „заработените" пари.

Како што соопшти МВР, Н.Д.(20) од Велес, во периодот од 4 до 13 јули 2020 година во повеќе наврати подведувала 15–годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала, се истакнува во полициското соопштение.

На 13 јули 2020 година девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе