Велешанец приведен за кражба, избегал од судница, полицајци пукале во воздух

20-годишниот велешанец А.Р. вчера бил приведен заради тешка кражба, но во судницата ја турнал дактилографката и избегал преку прозорец. Подоцна бил пронајден и повторно приведен, информира МВР.

„Вчера во 11.00 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СРВ Велес го лишиле од слобода А.Р.(20) од Велес поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела ‘тешка кражба‘ во куќи. Тој бил задржан во полициска станица и денеска во 08.00 часот бил спроведен во Основен суд Велес за да биде изведен пред судија на претходна постапка. Откако го предале на судијата, полициските службеници останале во ходникот пред судницата. Тој во судницата ја турнал дактилографката и избегал преку отворениот прозорец. По преземени мерки, во 11.00 часот А.Р. бил пронајден и приведен во СВР Велес. При преземањето мерки, во два наврати полициски службеници испукале предупредувачки куршуми во возудх“, велат од МВР.

А.Р. бил спроведен во Казнено-поправната установа - Затвор Скопје за издржување на казната притвор, која му ја определи судија на претходна постапка.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе