Велешанец претепал сограѓанин кој починал од повредите, полицијата го привела во Стар Дојран

Во Стара Мрдаја во Стар Дојран синоќа полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ш.(43) од Велес кој што се сомничи дека на 9 јули во казино во Велес го нападнал и му нанел повреди на Д.В.(46) од Велес, кој четири дена подоцна, на 13 јули од здобиените повреди починал во Општата болница во Велес.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки било констатирано дека на 09.07.2022, Д.В. со повреди бил пренесен во болницата во Велес и во службен разговор со полициските службеници изјавил дека не се сеќава како се здобил со повредите, по што самоиницијативно ја напуштил болницата. На 13.07.2022 во својот дом тој бил пронајден во тешка состојба и повторно бил пренесен во болницата каде што починал. По наредба на Јавен обвинител врз телото била извршена обдукција и било утврдено дека смртта настапила како последица на здобиените повреди.

По преземени мерки, извршени разговори со повеќе лица, како и прегледување на безбедносните камери од казиното, било дојдено до сознанија дека сторител на делото е Г.Ш., кој бил пронајден и лишен од слобода во Стар Дојран.

По целосно документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Велес , против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.     

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе