Велешанец осомничен за трговија со дрога

Полициски службеници вчера го лишиле од слобода Љ.Т. (41) од Велес, поради постеоње основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".

По претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари, соопшти денеска МВР.

Од Министерството посочуваат дека Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе