Вкупно се санкционирани 180 возачи, од нив 43 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Куманово, 21 на територија на СВР Струмица, како и во неколку други места, велат од МВР.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, нагласуваат од МВР и советуваат никогаш да не се пијат алкохолни пијалаци доколку се планира да се седне зад воланот, зашто така се загрозува не само личната, туку и безбедноста на други луѓе.