Вчера во Скопје се случиле девет сообраќајки

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, две со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и пет со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди и едно лица се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи пет биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 19 возачи поради неносење сигурносен појас и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило.

Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе