Вчера во Скопје 13 сообраќајки

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои шест со лесни телесни повреди и седум со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: еден возач поради тоа што управувал моторно возило под дејство на алкохол,  10 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.

Поради техничка неисправност едно возило е исклучено од сообраќајот, а санкционирани се шест возачи бидејќи управувале нерегистрирани возила. Исто така еден пешак е санкциониран бидејќи поминал на коловоз на црвено светло, како и осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло а пет возачи се санкционирани  поради неправилно престигнување.

Во текот на изминатиот ден издадени се 111 мандатни платни налози, додека 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак", соопшти МВР.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе