Станува збор за битолчанецот Ј.Ј. (93 г.) кој живеел во зградата на 12 кат во стан на Булевар „1-ви Мај" во Битола.
„Утрово во 04.46 часот во СВР Битола беше пријавено дека настанал пожар во стан булевар „1-ви Мај" во Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Притоа, со повреди се здобил и починал Ј.Ј. (93) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопштија од СВР-Битола.мт/