Во полициската акција „Фаланга 2“

Утрово е уапсен Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство

Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, е уапсен утринава под сомнение дека незаконски тргувал со икони и други предмети од културна и археолошка вредност.

Како што информираа од полицијата, неговото апсење е дел од полициската акција „Фаланга 2“, во која претходно беа уапсени 19 лица, меѓу кои и инспектори во Управата за заштита на културното наследство, како и вработени во Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија, и еден полицаец од  Велес.

Паско Кузман со лисици на раце беше однесен на распит кај истражен судија.

Според полицијата, станува збор за криминална група што подолг период вршела незаконски ископувања на повеќе археолошки локалитети во земјата, при што пронајдените предмети со културна и археолошка вредност ги продавала во странство. Според сознанијата на полицијата, истата група била вклучена и во продажба на икони од непроценлива вредност што во последните месеци беа украдени од повеќе цркви во земјава.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе