Уште една сообраќајка на патот Штип-Радовиш, повикани пожарникари да ги извадат повредените

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила вечерва во 21:30 часот на патот Штип-Радовиш, јавува МИА.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова изјавила дека несреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, а според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, паа се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.

Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.

Инаку, ова е втора сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. Претходно имаше сообраќајка во близина на штипското село Лакавица во која што се повредени 13 лица, од кои 11 се мигранти и две жени, македонски државјанки. Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе