Упасен камионџија кај Куманово, превезувал 43 мигранти

Вкупно 43 мигранти биле откриени во камион во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово, информира МВР.

„Синоќа околу 21.40 часот во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово полициски службеници од Полициска станица Сопот, постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода Б.Д.(29) од Скопје кој управувал товарно моторно возило ‘Ман’ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти. По преземените активности полициски службеници во реонот на с.Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш коишто биле превезувани во возилото”, се вели во соопштението од МВР. 

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе