Улични кучиња напаѓаат во Скопје, во еден ден тројца каснати, меѓу нив и дете

За еден ден три лица пријавиле дека биле нападнати и каснати од улични кучиња во Скопје. Пријавите се во општина Аеродром, Гази Баба и Петровец. Ваквите случаи се речиси секојдневие. Редакцијата на МКД.мк пишуваше и за случаи на агресивни кучиња во Сопиште. Граѓаните се жалат дека не можат да си дојдат дома од улични кучиња кои ги напаѓаат, но никој од надлежните не реагира.

Според пријавата вчера во 18.20 часот во Полициската станица Аеродром, А.Л.(34) од Скопје пријавил дека на улица „23-ти октомври" бил каснат од куче скитник.

Втората пријава е добиена во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба. Б.П.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ќерамидница бил каснат од куче скитник.

Вчера во 13.50 часот во Полициската станица Петровец, Б.К.(32) од Скопје пријавила дека на подрачјето на населба Илинден нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

За агресивните кучиња во Сопиште граѓаните побарале помош од надлежните, но не добиле одговори. 

„Пред неколку месеци дел од овие кучиња беа мали оставени во пакети, а сега пораснале и се големи и агресивни и напаѓаат.", вели жител на улицата со број 37 во ова место каде се наоѓаат уличните кучиња.

Жителите пријавувале во општина Кисела Вода, но од таму добиле одговор дека не се надлежни. Се обратиле и до Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка", но и од таму добиле одговор дека и тие не се надлежни.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе