СВР Тетово

Украле „берлинго“, набрзо полицијата ги уапси крадците

Полицијата уапси четири лица од Врапчиште кои украле „ситроен берлинго“. Возилот набрзо било најдено, а четирите лица се уапсени.

Вчера во 16.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште.

„Тие се сомничат дека претходно противправно одзеле патничко возило „цитроен берлинго", со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.И.(43) од тетовска Голема Речица. Половина час пред тоа, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти СВР Тетово.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе