Украдено службено возило на скопска фирма

Вчера во 10.20 часот во полициската станица Карпош Г.Б. (55) од Скопје пријавил дека на 10/11 јануари во периодот од 17 до 9 часот од паркинг просторот пред зграда на ул. „Никола Парапунов" од страна на непознат сторител било одземено возило ренџ ровер евок, со скопски регистарски ознаки.

Украденото возило било сопственост на правно лице.

Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 2.460.000 денари.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе