Украдени пари од црквата „Свети Петар“

Полициски службеници на СВР Тетово, Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишија од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште, поради сомнеж дека во периодот 18-19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари, соопшти МВР.

Увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, информираат од МВР

Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе