Украдени лаптоп компјутери, фалсификувани документи, куршуми... најдени во куќа во Скопје

Вчера во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба и од Единицата за недозволена трговија лишен од слобода е Б.К.(31) од Скопје. Кај него биле најдени компјутери, дигитални ваги, фалсификувани документи, куршуми... 

При претрес на дом на подрачјето на Гази Баба, кој го користел Б.К., извршен со наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје, пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, и тоа: два лаптопи, фалсификувана патна словенечка исправа на име М.К., фалсификувана бугарска возачка дозвола на име В.В., два куршуми пиштолска муниција, две дигитални ваги, две ќесички бела прашкаста материја.

Б.К. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе