Подоцна пронајден од полицијата

Украден ленд ровер на скопјанец додека купувал во Тобако

Вчера 24-годишниот скопјанец во полицијата пријавил дека околу 8.40 часот, пред тобако на ул. „Московска", од страна на две непознати лица му било одземено патничко возило ленд ровер - ренџер спорт, со скопски регистарски ознаки.

С.Е. застанал пред маркет и возилото го оставил незаклучено и со мотор во функција. Во исто време слушнал отворање на врата од возило. Тој се обидел да ги спречи во намерата, но двајцата сторители со голема брзина го стартувале возилото и заминале во непознат правец.

Околу 9.05 часот полициски службеници го пронашле отворено возилото на патот Скопје – Тетово, во близина на с. Ласкарци.

Во 14 часот возилото му било вратено на пријавителот, информираа од полицијата.

полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе