Во село Тодоровци

Украден автомобил од двор на куќа

Украден е автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот утрото, по што е известена полицијата.

Украденото возило е „форд фокус“ со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено.

Според неофицијални извори, по грабежот на возилото, забележани се едно женско и две машки лица на надворешните камери кај мотел „Мерак“ каде исто така утрово имало обид за кражба.

Од полицијата во Македонска Каменица го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителот или сторителите, за што дополнително ќе информираат.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе