Угостителски објект во Радовиш работел по 21 часот

Полициски службеници од Полициската станица Радовиш синоќа во 21.15 часот извршиле контрола на угостителски објект на улица „Св.Спасо Радовишки" во Радовиш, при што било констатирано дека не било почитувано работното време, односно во објектот биле затекнати шест лица кои биле гости. 

Како што соопшти денеска МВР, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе