Угостителски објект работел по дозволеното време, приведен сопственикот

Полицијата синоќа привела сопственик на угостителски објект во Тетово, кој работел по дозволеното време.

„Вчера околу 20:00 часот извршена е контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на А.Ш. (24) од Тетово и констатирано е дека објектот работи по дозволеното време и имало послужено 12 гости. А.Ш. е лишен од слобода, а објектот е времено затворен. Инспектори од СВР-Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат по документирање на случајот ќе поднесат соодветна пријава против А.Ш., а во врска со чл.206 од КЗ на РСМ“, соопшти МВР.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе