Удрил во заштитна бетонска ограда, тројца повредени

Ноќеска во 1.50 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино на влезот во Неготино, се случила сообраќајна незгода во која автомобил опел астра, со велешки регистерски ознаки, управуван од Н.А.(25) од с.Стојаково–Богданци излетало надвор од коловозот и удрило во заштитна бетонска ограда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.В.(25) од с.Стојаково, Н.Д. (24) од Богданци и Н.Ќ.(21) од с.Прдејци-гевгелиско. Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Медицинскиот Центар во Кавадарци, каде по укажаната лекарска помош Н.А. бил задржан, додека другите лица биле пренесени во Клиничкиот Центар во Скопје.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од неготинската полиција. Се работи на целосно расчистувањеа на случајот, велат од полицијата.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе