Удрил во паркирано возило, повредена сопатничката

Едно лице е потешко повредено во сообраќајката што се случила вчера на регионалниот пат во с.Велешта кога патничко моторно возило„шкода“ со чешки таблици управувано од Б.Л.(69) од Чешка удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Ш.Л.(43) од с.Велешта, струшко.

Во незгодата, како што соопшти МВР, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото моторно возило „шкода“ Б.Б. која е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе