ВО СТРУМИЧКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ

Ученик настрада по пад од железната конструкција на кошот

Вчера во 9.50 часот во Струмица во средното училиште „Димитар Влахов" настрада 17-годишен ученик.

Како што информираа од полицијата 17-годишниот  ученик од село Босилево се качил на железната конструкција на кошот поставен во училишниот двор, по што се спуштил на асфалтната подлога со двете нозе, а потоа паднал на грб и на глава по што изгубил свест.

Професорот по фискултура му укажал прва помош, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата Болница-Струмица, каде во 10.10 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од струмичката полиција, а по наредба на Јавен обвинител телото била предадено на обдукција.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе