Убиство во Инџиково при обид за грабеж, го застрелале пред семејството

Во скопско Инџиково ноќеска се случило убиство на 49-годишен маж при обид за грабеж во неговата куќа. Се работи за убиство кое било извршено при разбојништво, потврдуваат од МВР за МКД.мк. Од таму велат дека полицијата трага по извршителите на убиството.

Телевизијата, повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49-годишен И.А од Инџиково кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало нивни роднини.

Вооружените лица им побарале пари, а откако И.А. им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во главата, по што починал.

Доктор од брза помош констатирал смрт на И.А на самото место.

Од МВР ја потврдуваат информацијата, но не соопштуваат повеќе детали.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе