Убиено едно лице во угостителски објект во Тетово

Едно лице е застрелано ноќеска пред полноќ во угостителски објект во Тетово лоциран на ул. „29 Ноември“. Убиството, како што информираат од Основното јавно обвинителство, се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата кое починало на самото место. 

По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од МВР до раните утрински часови вршеле увид во објектот на ул. „29 Ноември” во Тетово.

Обвинителот издал наредби за прибирање траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе