Информацијата ја потврдила директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која изјавила дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова” во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за утре.