Уапсено момче за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Кумановската полиција уапси 27 годишен кумановец кој се сомничи дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Куманово. 

Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.З.(27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 1 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот", соопштија од СВР Куманово.

Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе