Нема граници за фалсификаторите

Уапсени заради фалсификувани ПЦР тестови

Шест лица се уапсени на граничниот премин со Бугарија поради тоа што кај нив се најдени фалсификувани потврди за добиен негативен ПЦР - тест, со каков што тест може да се влезе кај источниот сосед,.

Во соопштението на МВР се вели:

Вчера во 15.00 часот на граничниот премин „Деве Баир", полициски службеници ги лишиле од слобода Л.А.(46) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, Л.Д.(22) од Кавадарци, Б.М.(21), С.М.(22) и Б.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", „фалсификување исправа" и „употреба на исправа со невистинита содржина".

На 29 јануари, при извршени проверки, било утврдено дека нивните ПЦР тестови не биле издадени од соодветна клиника. Одземени биле вкупно шест ПЦР тестови на нивно име, шест мобилни телефони, како и нивните патни исправи со потврда за привремено одземени предмети. Заедно со одземените предмети тие биле предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе