Како што информираат од МВР, во момент на кражба полицајците ги затекнале лицата Д.Д.(33), Ф.Д.(27) и Е.Н.(17), сите од Скопје. Тие краделе од паркиран автомобил марка „фолксваген поло" со бугарски таблички. При претресот кај нив биле пронајдени украдените предмети, а кај Д.Д. бил пронајден и блокатор.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави, соопшти МВР.