Уапсени петмина државјани на Албанија без регулиран престој во земјава

Петмина државјани на Албанија вчера попладне биле приведени во Полициското одделение Групчин бидејќи немале регулиран престој во земјава, соопшти МВР. 

Според МВР, А.Ш.(20), Д.Ш.(29), Ш.Ф.(47), Ш.К.(20) и З.Ш.(43), сите државјани на Република Албанија полицајци ги затекнале во селото Ларце, тетовско, и констатирале дека немаат потврда за регулиран престој во Република Северна Македонија. Подоцна, било утврдено дека две од лицата се обиделе да извршат кражба во куќата на А.И.(74) од с.Ларце. Лица биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе