Уапсени пет наркодилери меѓу нив и малолетник

Вчера во 16.10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М(39) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом во населбата Чаир била пронајдена марихуана.

„Ноќеска во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ го привеле Д.Д.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 23.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ при извршен преглед кај 17-годишен малолетник од Куманово била пронајдена марихуана.

Исто така вчера во 21.20 часот полициски службеници од СВР Скопје во село Горно Нерези го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Вчера во 20.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле М.А.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана“, информираат од МВР.

По документирање на сите овие случаи, против уапсените лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе