Уапсени неколку наркодилери во Скопје и Тетово

Вчера во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од бул.„АСНОМ" го лишиле од слобода Ф.Д.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

„Исто така вчераво 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Л.А.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

А во 23.30 часот на ул.„180" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(29) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана, ризла и нож. 

Исто така вчера во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Ф.(22) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и два ножа“, информираат од МВР.

По целосно документирање на овие случаи против сите нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе