Уапсени неколку наркодилери во Скопје и Тетово

Ноќеска во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од булеварот „АСНОМ“ го лишиле од слобода Д.Д.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Претходно во 19.10 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле А.Ц.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Во 19.35 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Н.(42) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

Вечерта во 21.40 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Козле“ го привеле С.А.(28) од Гевгелија, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Вчера околу 07.25 во тетовското село Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(20) од ова село, кај кого била пронајдена марихуана.

Вечерта во 20.30 на ул.„Јордан Златановски“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.И.(33) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на овие случаи, против споменатите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе