Во Скопје

Уапсени неколку наркодилери на различни локации

Денеска во 00.10 часот на улица „Горно Лисиче“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А. Н. (21) од  село Теарце, тетовско,  поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На улица „Женевска“ во Скопје, денеска во 01:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б. П. (23) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 02.10 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д. И. (28) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе