Во Скопје

Уапсени неколку лица поради дрога

Денес во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Руѓер Бошковиќ“ ги лишиле од слобода Д.С.(36) и В.Г.(37), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Денес во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Љубанци го лишиле од слобода С.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и ризли. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 28.06.2020 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Гвадалахара“ го лишиле од слобода Л.Џ.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 23.45 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“ бил приведен 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе