Уапсени неколку дилери на дрога

Вчера околу 16.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61), двајцата од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин.

Тројцата биле задржани во полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 22.45 часот во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.С.(38) и С.А.(47), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Ф.С., била пронајдена марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе