Уапсени наркодилери во Кочани и Тетово

Десет минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Јуриј Гагарин“ го лишиле од слобода Д.С.(29) од Кочани, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Вчера околу 18.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(54) од Тетово, поради тоа што при претрес во неговиот дом на ул.„Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со кафеава и со бела прашкаста материја, различни предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја, неколку предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе