Уапсени двајца кочанчани за 11 „тешки кражби“ од базни станици

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера расветлиле 11 кривични дела „тешка кражба“, извршени на подрачјето на Кочани, откако по наредба од Основен суд Кочани извршиле претрес во домот на Д.А.(19) од Кочани, кој ден претходно бил лишен од слобода заедно со М.К.(23) исто така од Кочани, откако биле затекнати при кражба од репетитор-базна станица на телекомуникациски оператор.

При извршениот претрес биле пронајдени и одземени 32 предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ од базни станици. Поради основи на сомнение дека се извршители на овие кривични дела, ОВР Кочани против Д.А. и М.К. ќе поднесе соодветна пријава. 

Одделението за внатрешни работи Кочани презема засилени мерки и активности за расветлување и на други кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе