МВР информира

Уапсени двајца Авганистанци во Табановце кои ограбиле Индиец

Вчера во селото Табановце полицијата уапси две лица државјани на Авганистан кои натепале државјанин на Индија и му ги украле парите. Сите три лица се мигранти кои планирале да ја минат границата и преку Србија да заминат во некоја држава од Западна Европа.

„Во атарот на селото Табановце, во Чифлик маало, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода А.С.(31) и Д.М.(25), двајцата мигранти од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело 'разбојништво' врз Г.С.Г.(28) -мигрант од Индија. По преземени мерки и по извршениот разговор со Г.С.Г. било утврдено дека двете лица од Авганистан физички го малтретирале и му одзеле пари. Парите биле пронајдени кај Д.М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Република Грција во Република Северна Македонија и имале намера преку Република Србија да заминат кон ЕУ“,  наведе МВР во своето соопштение.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе