Во Скопје

Уапсени дилери на дрога

Полицијата во Скопје откри случај на продажба на дрога. Најпрво кај едно лице била пронајдена марихуана, а потоа бил извршен претрес во куќа на друго лице каде е пронајден и кокаин, а уапсено е уште едно лице кое се затекнало во дворот, а кај себе имало марихуана.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и СВР Скопје Единица за недозволена трговија со дрога и оружје вчера приведоа три лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Околу 14 часот во центарот на Скопје, како што се посочува, приведен е Д.М.М. (36) роден во Белград, а живее во Скопје, бидејќи кај него е пронајдена кеса со остатоци од марихуана. Во координација со ОЈО Скопје извршен е претрес во дом на Е.Р. од Скопје и при тоа е пронајден кокаин и над еден килограм марихуана и една дигитална вага.

Во дворот на објектот е лишен од слобода и А.П. (33) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе