МВР

Уапсени 8 дилери во едно деноќие

Во Куманово синоќа во 22.50 часот полициски службеници го привеле С.В. (36) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

„Вчера во 22.40 часот во скопското село Горно Нерези, полициски службеници на СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.С.(21), Д.Ш(23) и Г.С.(22), сите од Скопје, поради тоа што при нивен и преглед на патничко возило „сеат леон’’ била пронајдена марихуана.

Исто така вчера околу 22.50 часот во тетовското село Боговиње полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Х.(26) и С.С.(22), двајцата од Тетово поради тоа што при нивен и преглед на возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, биле пронајдени кокаин и марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Вќчера во 20.35 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(21) од Гостивар и Ш.Ј.(18) од гостиварското село Равен, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на овие случаи, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе