Уапсени 6 лица, пресечен меѓународен канал на транспорт на дрога од Албанија кон Грција

Вчера македонската полиција приведе шест лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра. Во близина на граничниот премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две  торби со марихуана (67,5 кг)  уапсени биле двајца албански државјани, Л.М. (44) и  А.М. (36). Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Македонија.

Набрзо потоа, во близина на село Стојаково лишен е од слобода Т.Х. (38) од Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д. (41) од Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б. (29) од  село Попчево, струмичко.

И двајцата биле приведени. Шестиот член на  криминалната група А.К. (37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од слобода денеска, околу 13,30 часот, на подрачјето на Кичево. 

Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе