МВР

Уапсени 13 лица во Тетово, организирале игри на среќа без дозвола

Во објект во Тетово приведени се 13 лица заради недозволено организирање на игри на среќа. Во објектот контрола извршила полицијата заедно со службеници на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.

МВР информира дека вчера полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и ДПИ, спровеле акциска контрола во објект без фирма на ул.„Иво Рибар Лола" во Тетово, во кој се приредувале игри на среќа без лиценца, при што од слобода биле лишени Ј.С.(33), Б.Б.(30), П.Ф.(49), Е.С.(23), А.А.(28), А.Р.(24), А.К.(26), М.С.(26), Б.Х.(20), Ш.Н.(22), Ј.К.(30), од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и С.О.(28) и О.Ј.(24), државјани на Република Турција.

Од страна на полициските службеници од одговорниот на објектот Б.Б.(30) била одземена компјутерска опрема, и тоа: 8 компјутери „ХП", 2 лаптопа „ацер", 8 ливчиња со упатства на турски и англиски јазик, 1 полнач за компјутери и 1 мобилен телефон.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од државен орган", казниво  по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри, соопшти МВР.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе