МВР

Уапсени 13 лица, фатени со дрога

„Денес околу 04.30 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(27), А.Р.(22) и А.С.(27) од скопските села Копаница и Бојане и М.Ј.(23) од тетовско Палчиште, кои биле во патничко возило „форд“, со скопски регистарски таблички. МВР денеска соопшти дека при нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин.

Во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ го привеле Н.Ф.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, додека на подрачјето на Бит Пазар полицијата го привела Б.К.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера околу 16.10 часот во с.Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Б.(24) и З.Б.(25 ) од гостиварски Балиндол, С.Ф.(31) од Беловиште и Л.М.(26) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана. С.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар.

Вчера исто така полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје исто така на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана“, информираат од МВР.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе