Уапсен сопственик на чајџилница во Тетово, работела по 21 часот

Синоќа околу 22 часот и 30 минути тетовски полицајци лишиле од слобода сопственик на угостителски објект-чајџилница која работела вон дозволеното работно време за време на пандемија. Во локалот имало пет гости.

„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин" во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија", информира Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата и понатаму евидентира и луѓе кои не се придржуваат до мерките за заштита од ковид-19 и не носат маски.

За 24 часа во периодот 24-25 јануари изготвени се 29 платни налози на тетовското подрачје.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе