Уапсен разбојник кој во казино во Богданци украл 65.000 денари и други предмети

Малку по полноќ жител на Богданци со закана украл од касата на казино 65.000 денари. При претресот биле пронајдени и предмети кои воедно тој претходно ги украл во казиното.

Утрово полициски службеници од полициска канцеларија во Богданци го лишиле од слобода А.Г.(49), жител на тој град, кој е осомничен дека во 00.35 часот во казино во Богданци со закана кон вработената одзел пари од касата, соопшти МВР.

„При извршен претрес во неговиот дом врз основа на наредба од Основен суд Гевгелија биле пронајдени пари од извршеното дело во вкупен износ од 65.000 денари и други предмети поврзани со кривичното дело. Лицето е приведено и задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво" по член 238 став 1 од Кривичниот законик, по што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка“, се вели во полициската информација.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе