Уапсен откако телефонски му се заканил на амбасадор на странска држава

Полицијата го откри и уапси лицето кое на 14 април по телефон упатило закани по живот на амбасадор на странска држава и е поднесена кривична пријава.

„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело 'загрозување на сигурноста'.

Постапувајќи по пријава од 14 април годинава, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадорот, во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, а во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, на 21 април 2022 поднесена е кривична пријава за кривично дело по член 144, став 3 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на МВР.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе