Уапсен осомничен за тешки кражби, доби 8 дена притвор

Единицата за внатрешни работи – Чаир, синоќа околу 23.00 часот го приведе лицето А.И (21) под сомнение дека извршил повеќе кривични дела од областа на имотни деликти. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од страна на ЕВР-Чаир, со прибирање докази документирани се пет кривични  дела тешки кражби во куќи и едно кривично дело-џепна кражба. Со извршување на овие дела А.И се стекнал со противправна имотна корист од околу 224.290  денари и причинил материјална штета од 13.500 денари.

Против него, како што стои во соопштението на МВР, до ОЈО Скопје е поднесена соодветна кривична пријава за сторените кривични дела, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе